Makedonski centar za dokumentirawe i informacii

 
 

Еден од првите сериозни контакти на ЦГИ беше контактот со Албанскиот центар за човекови права (ACHR) од Тирана при што тие понудија обука за нас според нивната програма за човекови права. Двајца членови од нашата организација беа на петтодневна обука во Тирана. ЦГИ започна со работа на овој проект, поточно на основање на Македонскиот центар за документирање и информации. За кратко време библиотеката собра информации за македонски и албански НВО кои работат во областа на цивилното општество и човековите права, а подоцна беа вклучени информации за НВО од останатите балкански земји. Со ова се оствари побрза и полесна комуникација и соработка на заеднички проекти меѓу македонските и албанските НВО, а истовремено и соработка со НВО од Балканот. Ова им овозможи на НВО да добиваат доволно информации за активностите во овие области и полесно да најдат партнери за заеднички проекти. Овој проект се реализира во периодот септември 1998 до април 1999 година, го спонзорираше холандската фондација БИЛАНС, а наш партнер беше ACHR.