Реализацијата на децентрализацијата и ЛЕР, во функција на зачувување на мирот, спречувањето на конфликтите и како предуслов за запирање на процесот на миграција

 
 

 

          На 24 април 2009 во просториите на хотелот „Клементица„ во Охрид  се одржа Тркалезната на тема „Реализацијата на децентрализацијата и ЛЕР, во функција на зачувување на мирот, спречувањето на конфликтите и како предуслов за запирање на процесот на миграција“. На оваа тркалезна маса учествуваа претставници на локални самоуправи и граѓански организации. Станува збор за активност од проектот  „Јакнење на регионалната соработка и развој“, кој се релализираше на територијата на Македонија, а кој беше посветен на децентрализацијата и локaлниот економски равој. На тркалезната маса во дискусиите посебен акцент беше ставен на: Образованието во функција на развојот на заедницата и зачувување на мирот; Правичната застапеност на заедниците во сите сфери на животот; Економскиот развој предуслов за рамноправен развој на државата и заедниците; Етничките разлики и вредности како придобивка на државата, а не причина за гетоизација и конфликт и  Пристапувањето кон ЕУ и НАТО стратeшка цел на државата и граѓаните.