| |
Конференција „Развој на граѓанското општество во Југоисточна Европа: Заедничко Градење на Европа“
На 17 и 18 Април 2008 година, претставниците на ЦГИ Марина Ѓорѓиоска Китаноска – Заменик директор за програми и Даниела Барабанова – Финансиски менаџер учествуваа на конференцијата „Развој на граѓанското општество во Југоисточна Европа: Заедничко градење на Европа“ во Брисел организирана од Генералниот директорат за проширување на Комисијата (Commission's Directorate-General for Enlargement).
Главните цели на конференцијата беа да им се понуди на граѓанските организации од Европската унија и проширените земји платформа за вмрежување, размена на најдобри практики и градење на партнерства, и да се пренесат информациите меѓу актерите на граѓанското општество за финансиска поддршка на развојот на граѓанското општество под ИПА и другите програми на Европската Унија.
Со цел за подобра поддршка на приоритетите од новите капацитети, фокусот беше насочен кон граѓански организации кои работат на четири широки области:
-
Добро владеење и демократизација
-
Човекови права
-
Социјално вкучување/развој, вклучувајќи го и образованието
-
Заштита на животната средина и одржлив развој.
На настанот присуствуваа околу 450 учесници од Европските земји, од Западен Балкан, претставници од Европската Комисија вклучувајќи го и еврокомесарот Оли Рен, Комесарот за наука и истражување Јанез Потпчник и Џорџ Сорос, основач на Институтот отворено општество, како и многу високи претставници од граѓанските организации и европските институции.
Некои од заклучоците:
Реформите за време на пристапните процеси донесуваат важни предности за квалитетот на животот на луѓето. Граѓанските организации можат да играат важна улога во трансформацијата на земјите кандидати и земјите потенцијални кандидати во Европските партиципативни демократии, со владеењето на законот повеќе зцврстени во практиката на демократијата и владеењето на сите нивоа.
Проширено учество на граѓанските организации во реформите преземени во проширените земји може да биде клучен фактор во детерминирање на мирот и квалитетот на пристапниот процес исто како и добивање на јавна поддршка за примање.
Одговорноста за зајакнување на улогата и влијанието на граѓанското општество во земјите за проширување лежи основно во самите земји. Меѓу акциите кои треба да бидат преземени се:
Зголемување на професионализмот и капацитетот на граѓанските организации преку размена на знаењата и подобар тренинг.
Активно барање на техничка експертиза и информација за ЕУ политиките, можностите за финансирање и проектен менаџмент.
Зголемување на транспарентноста и комуникацијата со нивната моментална социјална средина, и добивање на поддршка за нивните акции од граѓаните и постигнување на зголемено членство и легитимност.
Да се стане дел од решението и да се придонесе во остварувањето на реформите во нивните општества.
Зголемување на нивното финансирање и обезбедување на потрајни и разновидни извори на финансирање и сепак задржување на нивната независност како „трет сектор“.
Работа на одржливоста на нивните акции и проекти.
Европската комисија, од нејзина страна ќе ги преземе сите мерки за продолжување на промовирањето на развојот на граѓанското општество.
|
|