Концепт на механизми за заштита на човековите права во локалните заедници во Прилеп и Скопје

 
 

    

      Центар за граѓанска иницијатива и Заеднички вредности – Скопје, заедно го релизираа овој проект на територијата на Југозападна Македонија ( во општините: Прилеп, Кривогаштани и Крушево) и Скопје (во општините: Гази Баба, Чаир, Бутел).

              Реализацијата на проектот придонесе кон поголемо почитување на човековите права преку поефективна работа на граѓанските огранизации кои се ориентирани на Човекови права и на Комисиите за еднакви можности/Родова еднаквост.   

              Проектот како резултати донесе изработени и усвоени програми за работа на Комисиите за еднакви можности во општините Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Бутел, Чаир и Гази Баба. Подобрена соработка помеѓу Комисиите, градоначалниците и советите. Зголемени капацитетите на членовите на комисиите за Домашна и меѓународна легислатива за заштита на човековите права. Истите поминаа и обука за тренери за човекови права, а потоа имаа и нејзино практично спроведување. Како помагало за  членовите на комисиите, но и за други членови во општините беа изработени Прирачник и флаер за заштита на човековите права на ранливите групи. Подигнувањето на свеста за важноста на влучувањето на ранливите групи во креирањето на локалните политики беше спроведено преку дистрибуирање на информаивни флаери и организирање на јавни дебати. Проактивната работа на Комисиите и граѓанските организации беше преку анализи на потребите и проблемите во заедниците. Имено во 6 општини беа направени SWOT Анализи, потоа се изработија списоци со препораки до општините, а општините истите ги прифатија и преминаа на нивно спроведување.

              Шестте комисии покрај индивидуалните препораки кои ги доставија до советите и градоначалниците има и листа на заеднички залагања и барања, а тоа беа подеднаквата застапеност на жените во органите и телата во локалнитe самоуправи, во изборните тела, еднаков пристап во образовниот процес и еднаквото вреднување на трудот на мажите и жените.

              Целта на проектот беше вклучување на ранливите групи во креирањето на локалната политика и создавање на механизими за заштита. Проектот преку своите активности ги изгради капацитетите на Комисиите за еднакви можности/родова еднаквост во рамките на единиците на Локалната самоуправа, но исто така ги зајакна и капацитетите на граѓанските организации кои работат на полето на човекови права во овој регион.

 

              Проектот се реализираше во периодот од 05.10.2007 – 05.08.2008. Финансиран беше од Европска комисија (Европска иницијатива за демократија и човекови права)