|
Партнерството помеѓу Центар за граѓанска иницијатива- Прилеп (ЦГИ) и Албански рехабилитационен центар за траума и тортура - Тирана (АРЦТ) активно се надоградува во последниве години. Ова произлегува од фактот што прекуграничната соработка помеѓу Македонија и Албанија е потребна од аспект на иницијативи за промоција на човековите права.
Проектот Како да ги научиме децата да се справат со духовите на тешкото минато се одвиваше и во Албанија и во Македонија. Целна група беа наставници од училиштата и ученици. Долгорочна цел на проектот беше: да се придонесе во општите обиди на заедниците во регионот во градењето на мирна средина и во процесот на помирување како и превенција од конфликти преку зголемување на културните сличности отелотворени во едукација за човекови права и обезбедување помош за трауматизираните деца.

ЦГИ беше активно вклучена во проектот со вклучувањето на наставници по историја на состанокот во Поградец каде се дискутираше за корените на траумата и исто така беше организатор на семинар за професори од средните и основните училишта и тинејџери во Прилеп.
Исходот беше плоден во смисла на интерактивна работа со целната група и вклучување и на ЦГИ и АРЦТ во процесот на обезбедување на целната група (образовните институции) со доволно знаења за важноста на развивањето на дијалог и човековите права.
Проектот се реализираше во периодот 1 Декември 2003 до 31 Мај 2004, а беше финансиран од SEE - RUN.
|