Јакнење на регионалната соработка и развој

 
 

        Главна цел на проектот е да придонесе во креирањето на стабилен западно-балкански регион фокусиран на развој и почитување на разликите. За да придонесе кон остварување на проектната цел нашата организација заедно со ТАЛДИ од Босна и Херцеговина,  разви партнерски проект кој ќе го поддржи регионалниот пристап за прашања поврзани со мир и конфликт.

      Активностите во овој проект ја таргетират децентрализацијата и локалниот економски развој како процеси кои влијаат на мирот и стабилноста во двете вклучени земји.

      Партнерите (ЦГИ И ТАЛДИ) се посветени да работат на придонес кон мирот и разрешувањето на конфликти преку имплементација на три годишен проект кој:

  • ќе го зајакни институционалниот и организацискиот развој и одржливоста на ЦГИ преку тренинзи доставени од ТАЛДИ и други надворешни експерти
  • ќе го зајакни ефективното партнерство помеѓу ЦГИ и ТАЛДИ преку меѓусебно пренесување на знаења и искуства
  • ќе зајакне и ќе поддржи 10 НВОи во Македонија за мир и конфликт преку ЗИГ-ЗАГ методологија
  • ќе поврзи  20 општини во Македонија за да споделат добри практики за децентрализација и локален економски развој преку тренинзи на општинската администрација и организација на тркалезни маси и регионални конференции

Проектот се реализира во периодот од 01.07.2006 – 01.07.2009, а е финансиран од CORDAID и Програмата Исток Исток на Фондацијата Институт отворено општество Македонија.

 

.