Jaknewe na partnerstvata vo lokalnata zaednica

 
 

             Децентрализацијата како процес во Република Македонија отвори нови можности за соработка на граѓанскиот сектор со јавната администрација. Овој проект го реализиравме, со намера да ја стимулираме и унапредиме партнерската работа и заедничкото решавање на проблемите во зедницата. 

              Во периодот 2006-2008 доделивме 26 грантови од кои 22 за поддршка на локални иницијатви и 4 за антикорупција. Како резултат на поттикнувањето на партнерската работа, поддржавме над 40 граѓански организации.

              Со овој проект делувавме во Југозападна Македонија поточно во општините: Прилеп, Битола, Кривогаштани, Долнени и Крушево.

              Проектот им помогна на граѓаните да работат заедно со цел да ги идентификуваат и решат проблемите со кои се соочуваат нивните заедници.

Преку овој проект промовиравме и воспоставивме ефектен начин на употреба на локалните ресурси кои го помагаат развојот на заедниците во Македонија.

Оваа програма рамноправно ги опфати урбаните и руралните средини од пелагонискиот регион.

              Носечка цел во програмата е создавање на позитивна клима за креирање на ефективни партнерства и придонес кон јакнење на заедницата. Целта се постигна преку стимулација на граѓанските организации, јавните институции и локалните власти за создавање филантропска клима во заедницата. Со примена на партиципативна методологија помогнавме во создавање на култура кај граѓаните за сопствен придонес во развојот на локалната заедница.

              Овој проект исто така ги зголеми човечките капацитети на ЦГИ преку присуство на голем број обуки во државата и надвор од неa. Денес ЦГИ е препознатлива во регионот и државата како организација која ги помага граѓанските организации и нивниот развој.

              Организациите грантисти вклучени во овој проект ги достигнаа своите цели, и ги реализираа предвидените активности. Зголемено е брендирањето на организациите и придонесено е кон нивниот институционален развој. Организациите посебно го истакнаа задоволството од успешните локални партнерства и најавија дека тоа е само почеток на нивната идна соработка.

              Ефектот од реализацијата на ваквата програма е од голема корист за граѓаните. Придобивката од реализацијата на овој проект се доближување на граѓаните до процесот на ефективен развој на заедницата во согласност со предвидените практики од страна на владата - децентрализацијата.

              Двогодишната поддршка од страна на Институт за трајни заедници е од круцијална важност за ЦГИ. Преку делот на проектот за институционално јакнење на нашата организација ни беше овозможено да бидеме обучени во делот на застапување, односи со јавност, да креираме административна поддршка за функционирање како организација која доделува и администрира грантови, да бидеме пред се препознатливи како локални лидери и поддржувчи.

              Проектот поддржан од ИТЗ даде и уникатна подршка во насока на овозможување на институционално јакнење на нашата организација преку своите партнери Центар за институционален развој – Скопје. Преку програмата за Институционални грантови на ЦИРа, зедовме предвид многу важни стратешки одредби:

  • Сериозно ја разгледавме можноста за преминување од граѓанска организација во Фондација на заедницата
  • Креиравме стратегија за организацијата за периодот 2008 -2013
  • Се обучивме во областа на предпристапни фондови при Европската Комисија како за единиците на локалните самоуправи, така и за граѓанските организации

              Проектот се реализира во период од 01.03.2005-01.03.2008. Финансиран е од Институт за трајни заедници Скопје преку фондови на УСАИД.

Гоце Тодороски - Извршен директор на ЦГИ, Дик Голдман - директор на мисијата на УСАИД во Македонија, Џилијан Миловановиќ - Амбасадор на САД во Р.М. и Стефани Раст - директор на ИТЗ во Република Македонија

Состанок за проценка на приоритетите во Битола

 

 

Состанок за проценка на приоритетите во Прилеп