| |
На територијата на Македонија го реализиравме проектот „Јакнење на мрежите во Македонија“ поддржан од страна на фондацијата Balkan Trust for Democracy. Активностите на овој проект, завршја во август 2009 година. Проектот беше фокусиран на градење на капацитетите на мрежите за да го зголеми нивниот кредибилитет, внатрешната соработка и градење на довербата, но и ги спои мрежите со владините претставници за вклучување на мрежите и граѓанските организации во процесите на донесување на одлуки. Исто така граѓанските организации беа мотивирани да соработуваат и комуницираат со медиумите и да ги промовираат позитивните промени кои ги прават.
Преку овој проект регрантиравме три проекти, на три мрежи со различен капацитет и од различен дел на Македонија. Тоа се најголемата мрежа во Македонија СОЖМ која вклучува 105 НВО, Акција за развој од Кичево која е новоформирана регионална мрежа која ја стимулира заедничката работа на граѓанскиот сектор без поделби и предрасуди (Македонци и Албанци), и Мрежа за равојот на туризмот во Крушево која е пример на соработка на Локална самоупрва, НВО, Туристичко биро и граѓани, а чиј резултат е развој на заедницата преку подобра понуда за туристите. Мрежите ги реализираа проектите и оставрија сопствените резултати.
СОЖМ ги зголеми капацитетие на 61 претставничка на организации на жени, ја зголеми свесност и мотивираност на членките во мрежата за потребата од двонасочна комуникација, редовно информирање, иницирање средби и заедничко дејствување.
Мрежа за равојот на туризмот во Крушево подготви електронски и печатен материјал за сместувачките капацитети на Крушево, организираше низа обуки за граѓаните како да ги подобрат капцитетите и понудите, направи електронска мапа на градот, направи функционална мрежа помеѓу локалната власт, туристичкото биро и граѓаните.
Акцијата за развој во Кичево направи коалиција на граѓански организации со комплетна документација и ја подобри соработката со медиумите и локалната власт.
Кога сме кај мрежите и интересот за аплицирање на повикот, на истиот аплицираа 15 мрежи (коалиции). Она што е посебно за издвојување е појавувањето на нови мрежи, и мрежи со седишта и надвор од Скопје, но секако учеството и на најстарите и најголемите мрежи во Македонија. Овој повик успеа да ги заинтересира мрежи од различни профили како екологија, права на деца, инвалидски организации, информатика, музички уметници, жени, млади, мултикултура и фармери. Седиштата на мрежите им беа низ цела Македонија, како Скопје, Прилеп, Кичево, Крушево, Битола, Куманово, Гостивар.
Проектот го привлече вниманието на граѓанските организации, медиумите и јавноста во Македонија. За проектот, пишуваше во најтиражниот македонски дневен весник „Дневник“ и тоа на втората страна, информацијата беше поставена на веб порталот на МИА (Македонската информативана агенција) и дистрибуирана до сите корисници на овој сервис, беше дистрибурана низ информативните сервиси на Македонската радио телевизија, радио мрежата Канал 77, ТВ АБ, радио Слободна Европа и други национални медиуми. Членови на ЦГИ често се гости посебно во радио емисии на кои зборуваат за проектот и неговите резултати
Проектот се реализираше во периодот од 1ви декември 2008 – 31ви Август 2009, а беше финансиран од Balkan Trust for Democracy

|
|