|
ЦГИ има работено и на проекти поврзани со изборите како важен сегмент на демократското општество. ЦГИ беше една од трите коалициони НВО кои работеа на проектот “Вежбај Демократија”, координиран од Националниот демократски институт, а се реализираше во периодот јули - септември 1998. Овој проект имаше едукативен и мотивирачки карактер. Целта беше да се зголеми процентот на гласачи, а воедно и да се информираат избирачите за видот на изборите кои се спроведуваа и начинот на гласање. Овие цели се остваруваа преку медиумски кампањи односно ТВ спот, јавни предавања, дистрибуција на брошури и летоци и автобуски караван. Пропагандните материјали беа изработени на македонски и албански јазик како и ТВ спотот, а радио спотот на 6 јазици. Проектот беше оценет како многу успешен.
Истата година ЦГИ беше една од 15-те НВО кои учествуваа во набљудувањето, при што ЦГИ беше регионален центар и координатор за централна Македонија. Набљудувањето го спонзорираше Холандската амбасада во Македонија.
Следната година за време на Претседателските избори '99 ЦГИ ја продолжи традицијата и беше координатор на 3-те НВО кои учествуваа во набљудувањето на изборите. Овој пат спонзор беше Кралската норвешка амбасада во Македонија.
Во периодот август - септември 2000 ЦГИ повторно спроведе едукативна кампања за локалните избори. За таа цел беа изработени брошури и летоци со едукативна содржина и ТВ спот. Исто така беа одржани предавања и се изведе демонстрација на процедурата за гласање. Со кампањата беа опфатени Прилеп и Велес со околината. Проектот го спонзорираа ИТЗ и USAID.
Истиот финасиер (ИТЗ) го финасираше и проектот "Мојот глас, моја иднина" кој беше реализиран пред парламентарните избори 2002 година. Станува збор за едукативно мотивирачки проект. Овој проект имаше за цел да го објасни новиот изборен модел и новиот закон за избори, како и да делува мотивирачки врз населението за масовно излегување на изборите. Методите на делување беа ТВ спот, постери, флаери, брошури и јавни предавања.
|