|
Програмата всушност претставуваше зајакнување на капацитетите на ЦГИ и создавање на услови за нејзин институционален развој. Програмата содржеше реализирање на обуки за подобрување на работата на организацијата , изработка на нова веб страна и печатење на годишни извештаи во кои транспаретно би биле објавувани резултатите од работата на организацијата. Исто така оваа програма предвидуваше и подобрување на техничката опременост на организацијата која би придонесла за подобро и поефикасно реализирање на активностите и проектите.
Оваа програма, и овозможувањето да се достигне општата цел се предизвик за ЦГИ. Подобреното функционирање на ЦГИ значи обучени човечки ресурси и креирани услови за реализација на програмските активности од една страна, но и за реализација на целокупната работа на ЦГИ.
Идеалот кон кој целевме во перидот мај 2004 година - декември 2006 година беше да создадеме одржливи капацитети. Мотивацијата за работа е предуслов за успехот на ЦГИ. Оваа програма го надогради веќе изграденото и придонесе кон подобрување на функционирањето на организацијата.
Овој проект суштински помогна во развојот и зајакнувањето на ЦГИ, а беше финансиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка – Скопје.
|