|
Во септември 2000 година ИТЗ - Скопје и Американската агенција за интернационален развој- USAID отпочнуваат со реализација на Програмата за демократска соработка (ПДС) III, која програма се состоеше во проширување на соработката на НВО и ЕЛС.
ЦГИ беше една од малкуте организации кои учествуваа во оваа програма.
Проектот со кој ЦГИ учествуваше во остварувањето на целите на ПДС III се вика Информативна канцеларија за НВО и граѓаните во рамките на ЕЛС. Целите на овој проект беа подобрување на соработката помеѓу НВО секторот и граѓаните и локалната самоуправа. Како резултат овој проект донесе Отворена канцеларија во рамките на Локалната самоуправа во Прилеп, во која можат да се обраќаат граѓаните и НВО секој работен ден и во која работеше претставник на невладина организација (ЦГИ). Ова беше прв случај во Република Македонија претставник од НВО ( од ЦГИ) да работи во просториите на самата Локална самоуправа заедно со нејзината администрација и воедно да претставува мост помеѓу локалната самоуправа од една и граѓаните и НВО секторот од друга страна. Со Информативниот сервис невладините организации добијаа канцеларија во локалната самоуправа на Прилеп во која можат да се обраќаат секој работен ден. Во истата им се овозможи на НВО да даваат и да примаат информации и да се обратат до канцеларијата за она што им е потребно од областа на работењето и функционирањето на ЕЛС. Со Информативниот сервис се зголеми транспарентноста и обемот на информации за работењето и надлежностите на ЕЛС и за потребите на НВО секторот и граѓаните и давањето помош од ЕЛС. Како активности во овој проект настрана од работењето на канцелријата беа печетењето на флаери, постери, брошури, настапи по медиуми и организирање на обуки и трибини. И после завршувањето на проекотот оваа канцеларија продолжи да функционира.
Овој проект се реализира во периодот од септември 2000 до декември 2001 година, продолжение месец ноември 2001 година, до крајот на месец јули, 2002 година.
|