Informativen servis

 
 

Информативниот сервис имаше за цел да се подобри комуникацијата помеѓу ромската популација во Прилеп и Единицата на локалната самоуправа. За олеснување на пристапот на ромското население до Локалната самоуправа во Прилеп, како резултат на лобирањата на ЦГИ во ЕЛС - Прилеп, беше отворена информативна канцеларија во ромската населба Тризла 2, а како консултант беше ангажирано лице од Локалната самоуправа. Преку оваа канцеларија тие се информираа за надлежностите на Локалната самоуправа, а воедно тука ги поднесуваа и своите барања до Локалната самоуправа. Беше  отпечатен пропаганден материјал: постер, леток и брошура, преку кој ова население се информираше за работата на Локалната самоуправа, а придонес во тоа имаат и ТВ спотот, трибините, работилниците, ТВ и радио емисиите.

Релултати кои ги донесе овој проект се:

-Информирани граѓани од ромска националност за надлежностите на Локалната самоуправа;

-Доставени барања до Локалната самоуправа во Прилеп од 395 жители на населба Тризла 2;

-Воспоставен канал на комуникација помеѓу ромското население и Локалната самоуправа

Овој проект се реализира во периодот 27.08.2003 – 27.07.2004 , финансиер беше Амбасада на САД во Македонија, а во реализацијата на овој проект ни помогнаа и нашите партнери Романи Шукарипа – Прилеп и ЕЛС - Прилеп