Idninata e vo obrazovanieto

 
 

          Со реализацијата на овој проект се спроведоа активности кои се однесуваат на зголемувањето на знаењата на ромските ученици од I до IV одделение. Најпрвин се идентификуваа учениците на кои што им е потребна дополнителна настава од страна на наставниците во О.У "Добре Јованоски". Потоа двајца наставници од О.У "Добре Јованоски" и две лица од нашата организација  одржуваа дополнителна настава во просториите на О.У. "Добре Јованоски", а исто така и по домовите на учениците на кои што им е потребна настава за да ја напишат домашната работа или да го спремат материјалот за писмена работа на училиште. Исто така се одржаа две трибини и седум работилници. За време на трибините присутните се запознаа со тоа колку е важно образованието за жителите од населбата Тризла. На работилниците учениците се запознаа со тоа како да го организираат својот работен ден, како да ја научат лекцијата и сл. Исто така се одржаа и родителски средби со кои што се лобираше до родителите да ги пуштаат своите деца на училиште (да не дозволуваат нивните деца да го напуштаат образовниот процес).

           Како резултат на овој проект е тоа што се обучија 4 лица за одржување на дополнителна настава во училиштето, 120 ученици кои што ја посетуваа дополнителна настава и со тоа го зголемија своето знаење. Со зголемувањето на нивното знаење учениците полесно ќе преминуваат во погорните одделенија.

            Овој е всушност партнерски проект со ромската НВО Романи Шукарипа - Прилеп, кој се реализираше во периодот 01.02.2004 - 31.09.2004, а беше финансиран од Институт за трајни заедници - Скопје.