|
Обезбедување на помош на жртвите на холокаустот - Роми, родени пред 9 мај 1945 година, беше целта на овој проект. Реализацијата на проектот течеше во градовите Прилеп и Битола и опфати 585 корисници. Помошта обезбедена со овој проект всушност беше:
| |
-
отворени два социјални клубови - еден во Прилеп и еден во Битола,
|
| |
-
делење на пакети:
hrana i higienski sredstva
|
| |
-
делење на помош во вид на огрев - дрва,
|
| |
|
| |
|
| |
|
| |
|
За остварување на оваа помош покрај персоналот на ЦГИ ангажирани беа и стручни лица - тим. Имено на оваа целна група бесплатна помош им даваа правник, кој им беше на располагање секој ден, потоа медицински персонал и тоа доктор и медицинска сестра кои покрај прегледите во амбулантата одеа и во домашна посета на лицата. И за комплетна помош на овие стари лица ангажирани беа и негователки кои секојдневно посетуваат лица од оваа целна група на кои им е потребна домашна помош и нега.
Партенри во реализацијата на овој проект ни беа ромските НВО Романи Шукарипа - Прилеп и Баирска светлина - Битола.
Проектот се реализацира во периодот 26.10.2003 година - 26.12.2004 година.
Проектот е реализиран од ИОМ, а е финансиран од Германската фондација "Сеќавање, одговорност и иднина" и Американскиот окружен суд за источната област на Њујорк (Швајцарски банки-договор за обештетување).

|