Gradewe na zaedni~ka idnina

 
 

Меѓународна работилница  во Best Western Hotel - Турист во Скопје, јануари 2004 година

            Работилницата беше една од 4 предвидени во рамките на проектот "Градење на заедничка иднина". Оваа беше втора по ред одржана работилница наменета да ги доближи младите од Балканот со цел креирање на проекти за подобра иднина.

            Работилницата во Република Македонија беше целосно организирана од Центар за граѓанска иницијатива, а координирана во партнерство со грчката меѓународна НВО Центар за демократија и помирување на Југоисточна Европа од Солун-Грција.

            Работилницата беше втора по ред, и имаше за цел конкретизирање на резултатите од првата работилница, одржана на Халкидики во септември 2003 година, - презентација на  нацрт проекти. Како најконкретна инцијатива за нацрт проект од оваа работилница произлезе идејата за формирање на Балкански кафеа низ државите на Балканскиот полуостров, а  овие кафеа ќе бидат места каде ќе се собираат младите и ќе се презентираат различностите на културите, но и нивната соработка и блискост.   Како и на претходната, и во оваа работилница беа вклучени еминентни гости, како Владимир Милчин, Сашо Ордановски, Агон Демјаха, Хедер Голдман, Анника Поло, Стефан Клосоњски.  Работилницата вклучи дводневна работа со предавачи од Оксфордската академија за лидерство г-дин Брајан Бејкон и г-ѓа Тања Петовар.

            Целта на одржувањето на овие работилници беѓе да се олесни долготрајниот процес на помирување преку креативен и структуриран прекуграничен дијалог. Работилниците продуцираа платформа за креативни  идеи за тоа како младиот човек може да го вреднува процесот на помирување.

            Проектот се реализираше во месеците јануари и февруари 2004 година , а истиот се реализира со финансиска поддршка на Balkan Trust for Democracy програмата на German Marshal Fund.