|
Проектот "Градење на соработка помеѓу ЕЛС и НВО" беше реализиран во крајот на 2002 година поточно од 25 ноември до 14 декември. Проектот беше во партнерство со "Фондацијата за развој на локалната демократија" од Варшава, а финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Полска. ЦГИ со оваа Фондација има богата и плодна соработка од ноември 2000 година. Целта на овој проект беше да се продлабочи соработката меѓу НВО и граѓаните од една страна и ЕЛС од друга страна.
Најнапред во работна посета на нашата организација присуствуваа тренери од Фондацијата за развој на локалната демократија од Варшава кои на многу успешен начин покрај теоретските насоки ни го пренесоа и искуството од Полска. Покрај тоа што добивме сознание како се развива соработката помеѓу НВО и ЕЛС во Полска, добивме и многу интересни насоки и предлози во кој правец ние можеме да ја унапредиме оваа соработка. Всушност се работеше за тренинг на тренери кои понатаму ќе работат на обуки на претставници на НВО и ЕЛС во шест општини во Република Македонија.
Тренинзите предвидени со проектот Градење на стратегија за соработка на локалните власти и невладините организации, се спроведоа во периодот од 03-14.12 2002 во општините: Прилеп, Битола, Крушево, Кривогаштани, Житоше, Демир Хисар. Овие обуки ги посетуваа 24 преставници на НВО и ЛС од погоре споменатите шест општини.
Според евалуацијата на проектот тој ја оствари својата цел, а посебно треба да се истакне фактот дека на овие средби се остварија и првични средби на некои ЛС со претставници на НВО.
|