Formirawe na koordinativno telo

 
 

Од јули 98 до декември 99, ЦГИ беше меѓу 22-те селектирани НВО кои работеа на Програмата за демократска соработка (ПДС II ) што ја организираа USAID и Институтот за трајни заедници (ИТЗ) - Скопје. Со оваа програма беше опфатена дополнителна едукација на веќе избраните НВО од областа на невладиното работење, со реализација на серија семинари и работилници, што всушност е значајна поддршка за организациониот развој и градењето на капацитетите на НВО.

Во рамките на таа соработка, на локално ниво ЦГИ покрена иницијатива за формирање на постојано работно тело во рамките на Советот на општина Прилеп. Целта на проектот беше формирање на координативно тело во Советот на општина Прилеп со задача воспоставување на комуникативен канал за проток на информации помеѓу локалната самоуправа и НВО во Прилеп, како и обезбедување на учество на НВО во креирањето на јавната политика. Во рамките на ЕЛС Прилеп ова беше прв формиран орган за соработка со НВО.

            Овој проект е добар пример за соработка помеѓу локалната самоуправа и НВО.

Проектот беше финансиран од USAID и Институтот за трајни заедници - Скопје.