|
Овој проект беше всушност продолжение на проектот „Едукација за човекови права 2000-2001”. И во овој, како и во претходниот, наш партнер беше Албанскиот центар за човекови права од Тирана. Тимот од оваа организација и во текот на оваа година излезе во пресрет на потребите на ЦГИ. Имено неколку пати наши тимови беа во работни посети на Тирана на обуки за човекови права, односно модели на имплементација, а и претставници на АЦХР ја посетија нашата организација и помогнаа особено околу делот на административно работење во организацијата и нејзиниот институционален развој.

Имено проектот за Едукација за човекови права започна во јануари 2002. Овој проект се однесува на два аспекти: институционално градење на Центар за граѓанска иницијатива и едукација на деца и младинци од областа на човекови права.
Компонентата Институционално градење е проценета како висок приоритет на Центар за граѓанска иницијатива, затоа што тоа е камен темелник за главниот просперитет во развојниот процес на НВО. Тоа вклучува способност за комуникација со другите НВО, со донаторите и/или институциите во рамките на Македонија и странство. Учеството на различни семинари и/или конференции се должи на признатиот успех на ЦГИ во досегашното работење.
Центар за граѓанска иницијатива институционално постана јака НВО, добро промовирана со нејзините активности, кои опфаќаат 450 деца и 150 тинејџери годишно, како и со работа на изградба на човечки капацитети преку интерни семинари за нејзините членови.
Благодарение на широкоградната помош од страна на CORDAID, Центар за граѓанска иницијатива институционално е широко признат како една од најјаките НВО во Македонија.
Проектот беше единствен од тој вид во Прилеп, во кој преку шест поврзани активности, популација меѓу 7 и 18 години се запознаваше со концептот на човековите права. Се работеше на следните активности:
Децата ги посетуваа активностите: човекови права, социјални вештини, англиски јазик и компјутери, додека тинејџерите посетуваа: учиме право, театарска работилница, англиски јазик и компјутери. Оваа едукација поврзана со институционалната изградба на ЦГИ беше поддржани од CORDAID во периодот 2002/ 2003 година. Програмата за човекови права вклучуваше неформална методологија на учење, којa се докажа дека е добро прифатена од оваа целна група и која има позитивно влијание на филозофијата на разбирање на работите за човековите права.
|