|
Во Октомври 2000 ЦГИ работеше на еден многу значаен проект. "Едукација за човекови права". Проектот имаше за цел да овозможи подлабока едукација на деца на возраст од 7-14 години од различни етнички групи од областа на човековите права, поточно правата на децата и подетална едукација на тинејџери на возраст од 14-18 години од областа на човековите права. Покрај изучувањето на човековите права како посебна активност, децата имаа и други три активности низ кои провејуваа тематиките за човекови права како: социјални вештини, англиски јазик и компјутери. Целта на проектот беше кај децата да се зголеми нивото на знаење од областа на човековите права, и да ја намали меѓуетничката нетолеранција. Во овој проект беа вклучени 450 деца и околу 200 тинејџери на кои сите работни материјали и услуги им беа бесплатни.
Крајната цел на оваа програма беше кај целната група за која е намената да се подигне свеста за човековите права, сите тие поактивно да учествуваат во промоцијата и одбраната на човековите права како и во превенција на повредите на истите, а со самото тоа истите ќе станат подобри и покорисни граѓани на општеството во кое живеат.
Процесот на едукација опфаќаше лица на возраст од 7 до 18 години, што самото подразбира и различна зрелост на лицата опфатени со овој процес така и очекувањата во остварувањата на крајната цел беше различно.

Едукацијата се одвиваше низ следните активности: човекови права, социјални вештини, англиски јазик и компјутери за децата, а за тинејџерите учиме право, дебата, англиски јазик, компјутери, театарска работилница и семинари на различни теми.
Проектот донесе и предност на ниво на организираност и специјализација во ЦГИ. Вклучува, исто така, и тренинзи и семинари за тимот на Извршниот одбор, а исто така поделба помеѓу функциите во организацијата што значи развиток на специфични елементи за секој од нив. Производот на ова е попродуктивна работа.
Институцијата која го финансираше проектот е - CORDAID од Холандија, а тој се реализира во периодот октомврии 2000 година - декември 2001 година.
Наш партнер во овој проект беше ACHR - Тирана од кого добивме голема поддршка и помош за реализацијата на овој проект. Имено од ACHR добивме тренинзи за човекови права како и насоки и помош за нашиот институционален развој. Во текот на оваа година неколкупати го посетивме овој центар, а присуствувавме и во реализацијата на некои нивни проекти при што добивме информации за тоа кои би можеле да бидат точки на потенцијален ризик во имплементацијата на вакви проекти. Може да се заклучи дека работните средби со нашиот партнер секогаш вродувале со плод, односно конкретни проекти.
|