| |
По завршувањето на косовската криза како потреба се јави продолжување на проектот за едукација на деца од областа на човековите права, со посебен акцент на правата на децата. Овојпат беа опфатени деца од Македонија на возраст од 6-14 години и од различни етнички групи. Едукацијата се спроведуваше во детски центри со примена на интерактивен начин на работа со децата при што се ставаше акцент на учеството на децата. Целта на проектот беше да се намали меѓуетничката тензија и децата да се здобијат со основни знаења од областа на човековите права, која беше особено изразена во овој период поради косовската криза. Во овој проект беа вклучени околу 500 деца. Проектот го финансираше холандската фондација CARITAS, а се реализираше во периодот август - декември 1999 година.

|
|