|
Реализиран: 01.11. 2003 – 30.07. 2004
Донатор: Фондација Институт отворено општество Македонија - Скопје
Реализација: Центар за граѓанска иницијатива - Прилеп
Проектот беше со компонента на подигнување на свеста, и беше насочен кон јавните институции и граѓаните на Прилеп. Вклучуваше испитување на јавното мислење, јавни дебати, голема медиумска кампања и ТВ емисии со претставници на јавните институции кои преку анкетата беа отценети како корумпирани.
Вистинските резултати на проектот ги донесоа јавните трибини и телевизиските емисии каде отворено се зборуваше за проблемите, но според последната анкета големо беше влијанието и на медиумската кампања, посебно на ТВ спотот.

|