|
ДОСТА Е е граѓанска акција започната од страна на Фондација Институт отоворено општество Македонија - Скопје и стотина здруженија на граѓани што работат во Македонија. Таа нема национален карактер и зад неа не стои ниту една политичка партија. Стратегијата на оваа граѓанска акција е социјално-економскиот напредок на заедницата, без учество во власта.

Продолжувајќи во духот на формирањето на оваа платформа во периодот кога во Република Македонија се спроведуваше акција за разоружување - односно за собирање или легализирање на оружјето се реализира проектот ,,Доста е оружје,,. Ова всушност е проект на платформата ДОСТА Е кој се реализираше на државно ниво. Во реализацијата на проектот беа вклучени Регионалните канцеларии на платформата и организации членки на истата. ЦГИ во реализацијата на проектот учествуваше во процесот на набљудување на разоружувањето, односно процесот на доброволно предавање на оружјето. Имено наш претставник ги посетуваше пунктовите за доброволно предавање на оружјето и го набљудуваше самиот процес. Присуството на нашите набљудувачи од самата комисија за собирање на оружјето и од прилепската локална самоуправа беше позитивно отценето и пофалено пред медиумите. Беше потенцирано дека присуството на претставници од НВО дадоа поголем кредибилитет на самата акција и поголема доверба на граѓаните. Проектот се реализира во периодот 1 ноември 2003 година до 15 декември 2003 година.
Со учеството во платформата, а и во оваа акција ЦГИ само го потврди својот граѓански концепт и определба за создавање подобро општество.
|