Dodeluvawe na grantovi

 
 

 

         На 17-ти Јануари 2007, под мотото ДА СОЗДАВАМЕ ЗАЕДНО, во просториите на Фондацијата за поддршка и развој-Прилеп, ЦГИ одржа прес конферанција со цел да ја информира јавноста за доделените 16 грантови за локални иницијативи од првата грантовска линија на НВО од регионот на Прилеп, Битола, Крушево, Кривогаштани и Долнени во склоп на проектот “Јакнење на партнерства во локалната заедница“ финансиран од ИТЗ преку фондови на УСАИД. На прес конференцијата беa потпишани договорите за доделување на грантови помеѓу ЦГИ и регрантираните НВОи. На прес конференцијата присуствуваа новинари од локални и национални електронски и печатените медиуми.