Detsko-Mladinski centri Vavilon

 
 

На 15 јуни 1999, започна имплементацијата на проектот “Детско - младински центри - Вавилон” од страна на италијанската хуманитарна организација Cooperazione e svilupo (CESVI) финансиран од Европската канцеларија за хуманитарни работи (ECHO), а заврши во септември 2000 година. Проектот по својот карактер беше социо-едукативен со посебен акцент на релаксацијата на меѓуетничките односи во Македонија и социјализација на децата. Идејата беше формирање и обезбедување на трајна одржливост на детско-младински центри ширум Македонија. Во осумте градови Прилеп, Велес, Крушево, Штип, Радовиш, Тетово, Струга и Куманово  во кои се формираа овие центри беа инволвирани деца на возраст од 6 до 18 години. ЦГИ ги координираше центрите во Прилеп, Велес и Крушево.

            Активности низ кои покрај едукативен процес се имплементираа методи за постигнување на меѓуетничка толеранција и социјализација во нашите центри беа: англиски јазик, информатика, спорт, креативни работилници (музичка уметност, ликовна уметност, драмска уметност и политехника), социјални вештини (психолошки работилници), новинарство, учиме право и дебатни работилници. Секоја од активностите се изведуваше според посебно определена програма наменета за поставената цел. Самата програма значајно диференцираше од постојната во редовниот образовен систем. Овој проект опфати 1.300 деца и 300 тинејџери.

Во реализацијата на проектот, како партнер се јавува Фондација Институтот отворено општество - Македонија, Скопје со чија помош и програма се реализираа активностите новинарство, учиме право и дебата.