| |
Доближување на процесот на децентрализација до граѓаните од Прилеп и прилепско беше целта на овој наш проект. Со него и неговите активности постигнавме:
- Запознавање на вработените во јавните институции со предизвиците кои ги очекуваат со процесот на децентрализација, односно нивно обучување и подготовка за промените кои следат.
- Запознавање и подготви медиумите за големата улога што тие ја имаат за што побрзо прифаќање на процесот на децентрализација од страна на граѓаните.
- Подготвување на месните заедници за соочувањето со новите надлежности и одговорности што тие ги носат.
Целта беше остварена преку влијаење врз свеста на македонските граѓани (посебно граѓаните од Прилеп и прилепско), односно подигнување на свеста на вработените во јавните институции и нивна дообука.
Пристапот за дообјаснување на децентрализацијата беше остварен биде преку јавна кампања, трибини, обуки и давање на јавноста примери на новите законски промени и нивните добри страни. Активности со кои се оствари оваа наша цел беа: медиумска кампања (ТВ спот, флаери, брошура и постер), телевизиски емисии, јавни трибини, обуки за вработените во јавната администрација, мониторинг на работата на јавните институции и локалната самоуправа, формирање на координативно тело на ниво на град и активирање на месните заедници како модели за подигнување на јавната свест и информирање на граѓаните за промените со децентрализацијата.
Финансиер на овој проект беше Фондација Институт отворено општество Македонија - Скопје, проектот беше реализиран во периодот од 01.01.2005 до 31.12.2005 година.
|
|