| |
На 19.01.2005 година организиравме свеченост по повод давањето во употреба на новите и овој пат сопствени простории. Станува збор за простор уреден по сите современи стандарди за работа. После презентацијата на просторот беше организирана презентација и на работата на центарот на која присуствуваа претставници на амабасади во Република Македонија, фондации, политичари, медиуми, невладини организации и други видни личности од земјава и странство. На ова свеченост покрај Извршниот директор на ЦГИ Гоце Тодороски говореа уште градоначалникот на Прилеп Сашо Пирганоски, Извршниот директор на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија Владимир Милчин, и директорот на Центарот за демократија и помирување на Југоисточна Европа од Солун, Грција, Ненад Шебек. Центарот за граѓанска иницијатива од говорниците беше претставен како водечка невладина организација во регионот и како позитивен пример дека успешните и убавите работи во Македонија не секогаш мора да се случуваат во Скопје.

Новиот и сопствен простор е резултат на нашата успешна работа, но секако и на разбирањето и проценката на вистинската потреба за простор на нашиот долгогодишен поддржувач холандската фондација "Кордаид" со чии средства всушност го обезбедивме овој простор. Благодарение на "Кордаид" просторниот проблем за нас е веќе минато и сега во целост им се посветивме на програмските предизвици.
|
|