|
Целта на овој проект е да помогне во развојот и зајакнувањето на невладините организации во регионот.
Проектот исто така вклучува соработка со локалните власти преку подобрување на комуникацијата. Друг позитивен придонес на овој проект е тоа што крајниот резултат ќе биде градење на силна НВО мрежа.
Услугите кои ги добиваат НВО преку овој центар всушност се:
| |
- Користење на канцелариски простор за потребите на здруженијата, состаноци, средби, активности од проекти и др;
|
| |
- Користење на телефонски услуги и испраќање на факс;
|
| |
- Употреба на компјутери и користење на интернет комуникација и печатење на документи;
|
| |
- Фотокопирање на документи и материјали;
|
| |
- Употреба на книги и литература од НВО работењето за потребите на НВО со претходно најавување и барање.
|
| |
|
| |
- Давање на апликации за проекти
|
Во активностите на Центарот за поддршка на НВО исто така се предвидени и едукативни работилници и семинари за градење на капацитетите на НВО и подобрување на нивната работа и функција.
Во комуникацијата со НВО најчесто се вршат консултации и давање на насоки за правилно изготвување и раководење со предлог-проекти, и градење на основа за меѓусебна нивна соработка на идни проекти и на мрежи на НВО на локално ниво (само по себе како потреба за третирање на одреден проблем во заедницата).
Сите услуги кои ги овозможува Центарот за поддршка, се бесплатни.
Центар за граѓанска иницијатива, со своето искуство и капацитет, како водечка домашна организација во регионот ја доби улогата на стратешки партнер во проектот Центар за поддршка на НВО, финансиран и раководен од Фондацијата Институт отворено општество Македонија и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Центарот во Прилеп е дел од мрежата која вклучува уште три центри формирани во градовите (Велес, Штип и Кичево) низ Македонија.
Овој проект суштински помага во развојот и зајакнувањето на невладините организации во регионот и сите активности кои се спроведуваат се со цел да се достигнат целите.
Овој проект е во неговата трета фаза на реализација која започна во јануари 2004 а ќе трае до декември 2005 година оваа фаза се води како Поддршка на иницијативите на НВО за локален развој на заедниците.
|