Centar za poddr{ka na NVO

 
 

         Невладините организации во регионот на градовите Прилеп и Крушево во периодот 1999 - 2000 забележаа енормен подем. Во овој период во регионот беа регистрирани повеќе од 100 здруженија на граѓани кои делуваат во различни сегменти од невладиното работење. Нивната улога во заедницата не можеше да се остварува во целост од причина што не постоеше добра координираност и информираност помеѓу нив. Нивните капацитети во поглед на човечки ресурси и опременост беа релативно неразвиени и нефокусирани. Се чувствуваше голема потреба од сервис за НВО кој би влијаел во правец на нивни развој и поттикнување на мрежно работење.

        Центар за граѓанска иницијатива, со своето искуство и капацитет, како водечка домашна организација во регионот ја доби улогата на партнер во проектот Центар за поддршка на НВО, финансиран од Фондацијата Институт отворено општество и Швајцарската агенција за развој.

Центарот во Прилеп е дел од мрежата која вклучува уште три центри формирани во градовите Штип, Кичево и Велес. Со постоењето на овие центри се покрива потребата на национално ниво.

            Целта на овој проект е да помогне во развојот и зајакнувањето на невладините организации во регионот. Голем број на активности се спроведуваат со цел да се достигнат целите.

Центарот изработи база на информации која што ги инкорпорира сите информации за локалниот НВО сектор, нивните активности и ширење на можностите за заеднички придонес во регионот.

            Проект од овој тип е многу важен за развојот на локалната заедница и земјата во целост, бидеќи силниот НВО сектор е интегрален дел во механизмот за развој на демократско општество. Со имплементацијата на овој проект ЦГИ придонесе за развојот и зајакнувањето на невладините организации. Проектот исто така вклучува соработка со локалните власти преку подобрување на комуникацијата. Друг позитивен придонес на овој проект е тоа што крајниот резултат е силна НВО мрежа. Со зајакнување на НВО секторот, кој одговара на граѓаните, можностите за подемократско општество растат повеќе.

Услугите кои ги добиваа НВО преку овој центар всушност се:

 
  • Користење на канцелариски простор за потребите на здруженијата, состаноци, средби, активности од проекти и др;
 
  • Користење на телефонски услуги и испраќање на факс;
 
  • Употреба на компјутери и користење на интернет комуникација и печатење на документи;
 
  • Фотокопирање на документи и материјали;
 
  • Употреба на книги и литература од НВО работењето за потребите на НВО со претходно најавување и барање.
 
  • Давање на мали грантови
 
  • Давање на апликации за проекти

Во активностите на Центарот за поддршка на НВО исто така беа предвидени и едукативни работилници и семинари за градење на капацитетите на НВО и подобрување на нивната работа и функција.

Центарот за поддршка ја представуваше тековната стратегија, финансирана од Фондацијата Институтот отворено општество Македонија, Скопје и Швајцарската агенција за развој и соработка, во времетраење од три години (декември 2000-ноември 2003).