Balkanski sosedi

 
 

Балкански соседи е проект за мониторинг на печатените медиуми кој се спроведуваше во 7 Балкански држави и тоа: Македонија, Југославија, Албанија, Грција, Бугарија, Романија и Турција, во периодот 1997 - 1999 година. Проектот во споменатите држави го имплементираа невладини организации, а кај нас во Македонија го имплементираше нашата невладина организација Центар за граѓанска иницијатива.

      Целта на проектот беше набљудување на сите печатени медиуми во државите и тоа дневни, неделни и месечни весници и списанија, со посебен акцент при мониторингот на текстовите кои се однесуваат на државите кои учествуваат во овој проект - на балканските соседи. Една од главните цели на проектот Балкански соседи беше да открие како претставата на соседот во медиумите влијае во ситуацијата во регионот, да го открие "балканскиот" начин на размислување и перспективите пред балканските народи. Друга цел на проектот беше да се промовираат ранливите тенденции на добрососедските односи и разбирањето на регионот преку заеднички напори на граѓанското општество, невладини организации и луѓе без предрасуди. Овие тенденции се против тежа, исправка во која многумина веруваа и покрај многу непријателската, историска, политичка и медиумска средина.

            Проектот беше финансиран од ФИОО - САД, Фондација Институт отворено општество Македонија – Скопје,  а координиран од Access од Софија - Бугарија.