|
Од мај - октомври 1997 кај нас престојуваше г-ѓа Кети Спилмен, AVID (Американски волонтер за меѓународен развој) волонтер од САД. Таа ги обучуваше членовите на ЦГИ од сите аспекти на невладиното работење како: областа на раководење на НВО, пишување на предлог проекти, НВО лобирање, собирање на финансии, НВО кампања, комуникација и сл.
Оваа тренинг програма беше посебно важна за ЦГИ, пред се поради фактот што во тоа време ЦГИ беше новоформирана невладина организација. Важноста на оваа тренинг програма се состои во тоа што после истата, ЦГИ отпочна со попрофесионално реализирање на активностите во своето работно поле.
Оваа програма беше финансирана од Freedom House од Вашингтон - САД.
|