|
Во април 2000 година, Центар за граѓанска иницијатива имплементираше културен проект во Крушево, со цел да овозможи пристап до активности кои до тогаш не беа на располагање, а наменети за целокупната заедница.
Реализацијата на Англискиот ресурсен центар ја финансираа Д.Ф.И.Д. - Оддел за меѓународен развој, кои се донатори на опремата и Американскиот мировен корпус, кои ги донираа средствата за книжевниот фонд. Во рамките на овој проект, имаше и акција наречена “Бран од книги за Македонија”, која дополнително го збогати фондот на книги и материјали. Книгите и материјалите од оваа акција пристигнаа како донација од неколку Американски училишта.
ЦГИ имаше улога во иницирањето и олеснувањето во првата фаза од овој проект. Денес центарот постои како самостоен проект и не е повеќе во рамките на нашите активности.
|