|
Реактивирањето на институцијата Месна заедница беше целта на проектот "Активни граѓани" . Проектот се стремеше кон поврзување на Локалната самоуправа и месните заедници во Прилеп. ЦГИ во овој проект ја имаше улогата на медијатор и организатор на отворени состаноци со граѓаните, скенирање на потребите на заедницата, и јакнење на врската помеѓу ЕЛС и месните заедници во Прилеп.
Нашата идеја беше да се најде одржливо решение на проблемот со граѓанското учество во креирањето на јавната политика. Моделот на активно граѓанство се креираше со вклучување на поголем број граѓани во процесот на одлучување и креирање на јавната политика, како и мотивирање да станат активни граѓани во нивните заедници. Ова е проект којшто ги поттикна граѓаните да бидат поактивни во месните заедници и во решавањето на нивните заеднички проблеми. Проектот исто така помогна во поврзувањето на граѓаните преку институцијата урбана (месна) заедница со претставници од Локалната самоуправа. Овој проект како конкретен резултат успеа целосно да реактивира 7 од вкупно 13 Месни заедници во Прилеп. Истите претходно немаа никава структура, тела, идеја и желба за работа, а денес имаат свои активности и покажуваат резултати. Две месни заедници се во процедура на реактивирање, а 4 останаа без-иницијативни.
Беа организирани средби со лидерите на урбаните (месни) заедници, на коишто се дискутираше за идентификуваните проблеми, и се презентираа активности за решавање на проблемите како позитивни искуства и исто така имаше размена на идеи. 
Друга важна иницијатива е формираното координативно тело на ниво на урбана (локална) заедница, коешто го застапува гласот на граѓаните во креирањето на јавната политика. Средство кое што го користат активните граѓани е употребата на модели и методи на јавен притисок. Посебно влијание врз граѓаните и локалната самоупрва одигра и печатениот материјал, и тоа постерите, картичките и билтенот на месните заедници како нивно гласило.
Целта на овој проект беше урбаните заедници да се користат, употребувајќи ја инфраструктурата за подобрување на граѓанскиот ангажман, со цел поврзување на граѓаните со власта.
Проектот беше реализиран со финансиска поддршката на Balkan Trust for Democracy програмата на German Marshal Fund, а траеше 12 месеци и тоа од 01.03.2004 до 01.03.2005.
|