|
"Активни граѓани" претставуваше пилот проект чија цел беше да ја реактивира институцијата Месна заедница во Прилеп. Проектот стремеше кон поврзување на Локалната самоуправа и месните заедници во Прилеп.
ЦГИ во овој проект ја имаше улогата на медијатор и организатор на отворени состаноци со граѓаните, скенирање на потребите на заедницата, создавање на Акционен план на заедницата.
Имено овој проект прв пат ги собра претседателите на сите месни заедници на заеднички состанок. Исто така овој проект им овозможи на раководствата на месните заедници средба со локалната власт и прилепскиот градоначалник. Дека проектот делуваше мотивирачки доказ се и средбите кои ги организраа некои од месните заедници, големиот број телефонски повици од граѓани, како и конкретни активности кои ги презедоа граѓани во своите средини.
Проектот беше финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје Р. Македонија, а се реализира во периодот 1 септември 2003 година до 31 декември 2003 година .

|